Меѓународниот филмски фестивал Киненова Скопје во петок ќе организира мастерклас со познатиот романски сценарист Разван Радулеску. Предавањето ќе се одржи во Кинотека на Македонија, со почеток од 11 часот, а Радулеску ќе зборува на тема „граматика во времето на драматургијата”.
Радулеску е еден од предводниците на романскиот постсоцијалистички филмски бран. Тој е автор на “Смртта на Лазареску” и “Позата на детето”, филм кој доби Златна мечка на Берлинскиот филмски фестивал во 2013 година. Филмот “4 месеци, 3 недели и 2 дена” на кој работел ја доби “Златната палма” на Канскиот фестивал во 2007 година.