(ВИДЕО) Ховит: Изборите ќе покажат дали Македонија сака демократија и владеење на правото

Од:

Изборите кои следат ќе упатат силна порака до Европската унија и НАТО за тоа дали во Македонија има демократски вредности, рече на 20 Конгрес на СДСМ британскиот европратеник Ричард Ховит.

– Чест ми е да зборувам на овој конгрес и да и посакам на СДСМ успех на изборите кои следат. Конзервативните партии ширум европа потфрлаат. Нашата и ваша политичка мисија е да ги натераме луѓето да гласаат за економска транспарентност и социјална правда. Глас за СДСМ на овие избори е глас за здравствена грижа, глас за образованието, глас за работни места, за јавни сервиси, глас за повисок животен стандард за сите кои живеат во Македонија, рече Ховит.

Ховит истакна дека скандалот со прислушувањето ја загрозил демократијата во земјата и дека сите злоупотреби треба да бидат истражени. Тој додаде дека сите партии треба да се држат до обврските кои произлегуваат од Пржинскиот договор.

– Овие избори исто така ќе покажат дали Македонија е за демократија, транспарентност и за владеење на правото. Заедно со моите колеги од Европскиот парламент и медијаторите од другите групи кои се поврзани и со останатите партии во земјата, велиме дека овие избори мора да понудат вистински избор и да овозможат вистинска промена на моќ – доколку тоа е волјата на јавноста Зоран, Радмила, ви честитам на вашето лидерство за време на кризата во Македонија. Вие донесовте боја во македонската политика, рече Ховит.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Од државотворна партија, СДСМ се претвори во група што брани лични интереси

(ВИДЕО) Кузеска: СДСМ отвори ново поглавје за иднината на Македонија

(ВИДЕО) Филипче: СДСМ се држи до суштината, правда наместо привилегии, солидарност наместо страв

СДСМ го одржува 32. Конгрес

СДСМ: Мицкоски рутинска работа ја претставува како дипломатска победа

Обвинителот Савески да го викне Панче Тошковски да ги достави доказите за „Мазут“, бара СДСМ