СДСМ: Војниците не му веруваат на обвинетиот Груевски кој 10 години ги понижуваше

Од:

„На два месеци до поразот кој го чека, обвинетиот Никола Груевски продолжува да ветува се и сешто и да се обидува да купи колку што е можно повеќе категории граѓани. Денеска на ред дојдоа војниците.

Доцна е за Груевски да ветува што било за војниците. Тие најдобро го почувстуваа неговото 10-годишно владеење и понижувачкото ниво на кое ја доведе армијата.

Поради постојаното кратење на буџетот за одбраната, војниците беа упатени да помагаат во поплавените подрачја без минимум основна опрема, без гумени чизми, кабаници, резервни униформи, без основен рачен алат.

Додека Силвана Бонева зема илјадници евра за патни трошоци, војниците се уште спијат на кревети и се покриваат со ќебиња од времето на ЈНА.

За ова тие ќе го казнат Груевски на изборите.

По 11 декември на војниците ќе им обезбедиме најсовремени професионални услови за работа. Вистински ќе го решиме нивниот егзистенцијален и станбен статус и ќе ја обновиме опремата на АРМ како што и доликува на една армија на земја кандидатка за членство на НАТО“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Зад рудникoт за антимон во Крива Паланка стојат донатори на ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

СДСМ поднесе закон: двојно државјанство да немаат ниту министрите во Владата и да важи веднаш

СДСМ: Груевски има унгарски и српски пасош

Филипче: Лажниот патриотизам заврши, власта ја враќаме назад кај граѓаните

А1он

Петровска: СДСМ не се само четири букви, многу повеќе од статистика и празни фрази

А1он

(ВИДЕО) Кузеска: Со празни фижидери најдобро знаат за бајките на Мицкоски за 3-та економија во Европа