УНИЦЕФ бара од Лондон да го забрза приемот на децата од кампот во Кале

Од:

Детскиот фонд на ОН (УНИЦЕФ) побара од владата на Велика Британија да го забрза процесот на префрлање на деца без придружба од дивиот мигрантски кампот во Кале на францускиот брег од каналот Ламанш, на британската територија.

Организацијата за заштита на децата на ОН е загрижена поради планот на Париз за затворање на кампот, познат под името „Џунгла“, затоа што тоа може да предизвика „исчезнување на децата“ уште пред да започне пренествањето на мигрантите во други центри, што го најави фрацускиот претседател Франсоа Оланд при неговата неодамнешна посета на Кале.

Официјален Париз најави дека до крајот на оваа година ќе го затвори кампот во кој има меѓу седум и десет илјади илегални мигранти и бегалци од Африка, Азија и Блискиот Исток, а сите кои се сега во него ќе бидат сместени во разни прифатни центри ширум Франција.

Во кампот се верува дека има околу илјада деца, од кои 400 се без придружба, кои се погодни да се префрлат во Велика Британија.

УНИЦЕФ стравува дека многу од децата може да одбијат да одат во прифатните центри, па на тој начин одново да се случи ситуацијата како минатиот пат, кога француските власти извршија само делумно уривање на дивиот камп.

– Стотици деца тогаш едноставно, исчезнаа и никој не знае каде се, изјави за лондонските медиуми Лили Капрани, заменик извршен директор на УНИЦЕФ за Велика Британија.

Таа стравува дека поголемиот број од децата сега се во рацете на шверцери на луѓе или кај оние кои го експлоатираат детскиот труд.

Британскиот Хоум Офис соопшти дека Владата во Лондон сака да им помогне и да ги прифати „ранливите деца“, кои имаат некакви врски со Велика Британија.

Би можело да ве интересира

Секое трето дете во земјава живее во сиромаштија

Катерина Ѓуровски

Децата се 70 отсто од жртвите на трговија со луѓе во Македонија

Катерина Ѓуровски

УНИЦЕФ ги повика талибанците да дозволат девојчињата да се вратат на училиште

ВИДЕО: Погодено возило на УНИЦЕФ на влезот на Газа

УНИЦЕФ: Најмалку 17.000 деца во Газа се одвоени од своите семејства

УНИЦЕФ: Убиството на децата во Газа мора да се запре, тие не се цел