Средба на Попоски со генералниот секретар на ПС на ОБСЕ Роберто Монтела

Од:

Заменик претседателот на Владата на Република Македонија и министер за надворешни работи Никола Попоски денеска одржа работен појадок со Генералниот секретар на ПС на ОБСЕ Роберто Монтела и амбасадорите на Швајцарија, Украина и Латвија при ОБСЕ во Виена.

Како што соопшти МНР, главни теми на состанокот беа политичките предизвици и изборните подготовки во Македонија, како и мигрантската криза.

– Во таа насока, согoворниците изразија уверување дека за претстојните предвремени парламентарни избори ќе биде организирана масовна набљудувачка мисија на ПС на ОБСЕ, ОДИХР и други релевантни меѓународни институции, со цел евалуација на изборниот процес што треба да ја врати Македонија високо на европската агенда, се наведува во соопштението.

Вицепремиерот и шеф на дипломатијата Попоски денеска имаше и обраќање на втората сесија на овогодинешното Парламентарно собрание на ОБСЕ „Развој на демократски институции и човекови права во ЈИЕ”, што се одржува во Скопје.

Би можело да ве интересира

МНР: Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови

Горан Наумовски

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски

632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток

МНР: 473 македонски државјани контактирале ДКП во Тел Авив, Доха и Абу Даби

МНР: Над 400 сограѓани се заглавени во кризните подрачја, само 30 од нив сакаат да се вратат во Македонија