(ВИДЕО) Шекеринска: Вие кои се борите со рак на дојка, не сте сами, заедно ќе се избориме!

Од:

„Денеска сме тука да се приклучиме на розевата поддршка и да покажеме дека жените коишто се борат со ракот на дојка не се сами.

Ова општество и оваа држава и сите ние, сакаме да дадеме поддршка и да покажеме дека превенцијата е важна, дека само прегледите спасуваат животи, а дека државата и здраствениот систем мора да направат се, за да им помогнат на сите оние коишто страдаат од оваа болест, да им помогнат полесно да се справат со неа, да се справат и со последиците на оваа болест, којшто одзема многу животи на жени и во Македонија, и во светот.

Заради тоа се повеќе треба да зборуваме за начините на самопрегледување, начините на спречување на болеста да одземе поголем број на животи на жените.

Дополнително би сакала да кажам дека се залагаме за зголемување на бројот на лекови на позитивната листа коишто се напредни, коишто овозможуваат на жените да живеат со оваа болест, да се справуваат со болеста, и да го вратат назад своето здравје.

Денеска сите заедно треба да ја испратиме пораката дека ова е болест, со којашто можеме заедно да се бориме, и да спасуваме многу животи на жените во Македонија.

Затоа ви благодарам што сте тука, да дадете поддршка“, изјави Радмила Шекеринска, Заменик претседателка на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски ги поништува реформите – сака целосна партизација и контрола на безбедносните служби

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Младеновска: Владата плаќа 350 милиони евра годишно за камати, повеќе отколку за социјална помош

СДСМ: Нема субвенции, нема откуп, нема мерки – земјоделците се оставени на цедило

Горан Наумовски

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври

Катерина Ѓуровски

Филипче со порака до Мицкоски: Доаѓа времето на вистината – ќе одговарате сите до еден!

А1он

(ВИДЕО) Наумоски: Договорот за Михаилова е само еден случај од многуте – одговорност од Тошковски затоа што никој не одговара!