„Пејџ Сикс“: Хју Хефнер е тешко болен

Од:

Сопственикот на магазинот „Плејбој“, Хју Хефнер се соочува со сериозни здравствени проблеми, кои сака да ги сокрие од јавноста, објави таблоидот „Пејџ Сикс“.

Изданието тврди дека 90-годишниот Хефнер не дозволува никој да го посети, а оние не кои евентуално ќе им биде дозволена средба со него, мора да потпишат договор со кој се обврзуваат дека во јавноста нема да откријат никакви информации за неговата состојба.

Според „Пејџ Сикс“, основачот на „Плејбол“ драстично ослабел и има само 40 килограми, па затоа подолго време и не се појавува на јавни места.

Хефнер неодамна ја продаде неговата позната вила, а веќе извесен период не се појавува ниту на забавите на „Плејбој“.

Меѓутоа, портпаролот на Хефнер ги демантира ваквите информации, нагласувајќи дека тој „само има помали проблеми со грбот“, поради кои потешко се движи.

– Тој ужива во животот и натаму активно учествува во уредувањето на магазинот, додаде портпаролот.

Би можело да ве интересира

Списанието „Плејгрл“со нов концепт

Ана Ололовска

ФБИ објави досие за Хју Хефнер

Ана Ололовска

Аукција на личните предмети на Хју Хефнер

Наум Локоски

Почина творецот на логото на „Плејбој“

Ана Ололовска

„Плејбој“ го добил името според пропадната автомобилска компанија

Ана Ололовска

„Плејбој” ја враќа голотијата на своите страници

Ана Ололовска