МЗШВ: СДСМ ја злоупотребуваше распределбата на државното земјиште

Од:

Дополнителниот заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, наводно загрижен за маката на земјоделците, денеска испрати соопштение со кое повторно покажа дека нема познавања за состојбите во земјоделството, реагира ресорното Министерство.

– Очигледно со надеж дека ќе добие политички поени најави мерки кои СДСМ иако можеше, не ги спроведе до пред една деценија, кога беше на власт, а кои, пак, сега се реалност, наведува Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ). 

Според МЗШВ, кога министер за земјоделство беше Славко Петров од СДСМ, на нетранспарентен начин, на околу 900 закупци блиски до оваа партија им беа дадени околу 85.000 хектари земјиште на користење 30 години со дозволен грејс период од четири години неплаќање. Поради немање катастарска евиденција во тој период, се доделувани шуми, патишта, системи за наводнување, канали…

Последниве 10 години, пак, транспарентно се склучени над 10.000 договори за површина од околу 70.000 хектари, со јасна катастарска евиденција.

– Сега земјиштето се дава на јавен оглас, со јавно отворање на понудите иако тоа не е законска обврска и доколку земјиштето е над три хектари, со електронско јавно наддавање, напоменаува Министерството.

Во врска со откупот на грозјето и цената, Николовски треба да знае, посочува МЗШВ, дека тоа е дел од секојдневната работа во Министерството. Освен со откупувачите и производителите на житни култури, градинарски култури, ориз…, во изминатите три месеци Министерството организираше десетина состаноци и со винарските визби и со лозарите. По тие состаноци беше договорена откупната цена на грозјето – 13 денари за килограм Вранец со 19 шеќерни единици и 11 ден./кг. Смедеревка со 17 шеќерни единици.

– Сакаме да ги потсетиме јавноста и загрижениот Николовски за дополнителната мерка, субвенции од три денари за килограм „вранец“ за сите винарии кои ќе откупат винско грозје во 2016 година, за количини кои се над 60 отсто, но не повеќе од 130 отсто во споредба со ланските откупени количини од сортата „вранец“. Оваа мерка дава резултати и го стимулира откупот на винското грозје, а останати се мали количини на неоткупен „Вранец“.  Ова се случува во период во кој на европскиот пазар е понудена пониска цена поради големиот наплив на вина од многу земји, стои во соопштението од МЗШВ.

Според Министерството, субвенциите се исплаќаат во континуитет и на оние земјоделци кои ги исполнуваат условите, а во општина Дојран каде што спаѓа Фурка, во последните пет години се исплатени еден милион евра поддршка.

– Се ова говори дека Владата и Министерството за земјоделство напорно и успешно работат на решавање на проблемите на земјоделците кои многу добро знаат кој се грижи за нив во последниве 10 години и како им беше претходно, наведува МЗШВ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Петрушевски: Арекспорт со договор кој го потпишал Љупчо Николовски се обврзале на инвестиција од над 2.4 милиони евра, не реализирале ниту 300 илјади

МЗШВ: Префрлени се сто милиони денари на АД Водостопанство за заостанатите плати

МЗШВ: Лозарите претходната Влада ќе ја паметат по ниските откупни цени и безредие

МЗШВ: Кон 4.033 одгледувачи на говеда исплатени 100 милиони денари дополнителни субвенции за обележани грла говеда

МЗШВ: Исплатени субвенциите за остварено производство во овоштарство и градинарство со вредност од 302 милиони денари кон 13.440 земјоделци

МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата