(ВИДЕО) Богоев: Бонева стана симбол за коруптивното и криминално владеење на ВМРО-ДПМНЕ

Од:

„ВМРО ДПМНЕ и Силвана Бонева изгубија усул во крадењето државни пари.

За само шест месеци работа во ДИК, Бонева зела 12 илјади евра за патни трошоци или 2000 евра на месец. Тоа е пњрверзно и бескрупулозно, алчно и криминално однесување на блиската соработничка на обвинетиот криминалец Никола Груевски, со кое дрско им се потсмева на сиромашните во Македонија.

Силвана Бонева стана симбол за коруптивното и криминално владеење на ВМРО-ДПМНЕ.

Додека 500.000 граѓани живеат под прагот на сиромаштија, со помалку од 40 денари на ден, богатењето на ВМРО-ДПМНЕ и нејзините функционери не запира.

Еве на кој начин Груевски и неговите соработници купуваат станови и плацеви на име на своите синови и мајки.

Еве како ВМРО-ДПМНЕ стаса до имот вреден 60 милиони евра, невиден и за големите партии од богатите земји  во Европа.

По 11 декември сите што ги злоупотребиле парите на граѓаните и ги прекршиле законските прописи, ќе одговараат, а парите ќе бидат вратени во буџетот и искористени за потребите на граѓаните“, изјави Стефан Богоев, пратеник од СДСМ.

Би можело да ве интересира

Зад рудникoт за антимон во Крива Паланка стојат донатори на ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

СДСМ поднесе закон: двојно државјанство да немаат ниту министрите во Владата и да важи веднаш

СДСМ: Груевски има унгарски и српски пасош

Филипче: Лажниот патриотизам заврши, власта ја враќаме назад кај граѓаните

А1он

Петровска: СДСМ не се само четири букви, многу повеќе од статистика и празни фрази

А1он

(ВИДЕО) Кузеска: Со празни фижидери најдобро знаат за бајките на Мицкоски за 3-та економија во Европа