Продаден компјутер на Apple од 1976 година за 400 илјади евра

Од:

Технолошки гигант Apple – го продаде моделот на компјутер Apple-1 од 1976 година на аукција во германскиот град Келн, за рекорден износ од 400 илјади евра, јави во неделата телевизискиот канал Euronews.

Купувачот на овој технолошки антиквитет, која на наддавањето учествувал преку интернет, сакал да остане анонимен. Овој компјутер е особено ценет кај колекционерите, бидејќи сé уште е во добра работна состојба и со мал монитор. Вкупно биле продадени околу 200 парчиња од моделот Apple-1.

Гломазен според денешните стандарди, моделот Apple-1 е создаден во 1976 година од страна на Стив Возниак, ко-основачот на Apple. Првично, уредот бил опремен со процесор со фреквенција од 1 MHz, 4 килобајти оперативна меморија и со можност за проширување до 48 КВ, но без монитор, блок за напојување со електрична енергија, па дури и без куќиште. Цената за овој апарат своевремно наречен „дете на напредокот” се движела меѓу 500 и 666 долари.

На истата аукција во Келн бил понуден и ткн „составениот компјутерски систем”, предводникот на комерцијалните модели на Стив Џобс, и потоа модернизиран во надградениот модел Apple II, кој е лансиран во 1977 година, од кој се продадени милиони парчиња.

Би можело да ве интересира

„Легион плеј“ – нова рачна конзола на „Леново“

Ана Ололовска

Сметководителите ќе исчезнат, ќе бидат заменети со роботи

Ана Ололовска

„Нинтендо“ го претстави новиот „Свич ОЛЕД“

Ана Ололовска

„Уан-Плус“ го претстави поевтиниот модел „9-Р“

Ана Ололовска

Банка во Сингапур воведе технологија за препознавање лица, за услугите со банкомат

Ана Ололовска

Ако машините завладеат со светот, на маицата напишете „Робот“

Ана Ололовска