Србија ги побара од Хаг доказите за судењето на Готовина

Од:

Српското обвинителство за воени злосторства соопшти дека ги побарало од Хашкиот трибунал материјалите и доказите за сторените воени злосторства во текот и по воено-полициската акција на хрватските вооружени сили, “Бура“, кои се наоѓаат во предметот против Анте Готовина.

Покрај барањето за доставување на документацијата, Обвинителството го известило главниот тужител во Хаг, Серж Брамерц, дека од Транзициониот тим на Хашкиот трибунал ги побарало и материјалите што се однесуваат на воените злосторства сторени во текот на “Бура“ и по неа.

Српскиот обвинител за воени злосторства, Владимир Вукчевиќ, неодамна изјави дека на пет локации, Мали Алан, Дворот на Уна, Госпиќ Кијани, Петрињ и Вргин мост, се водат предистражни постапки во врска со злосторствата над Србите сторени во текот и по “Бура“ во 1995 година.

Би можело да ве интересира

Мацут ја презеде функцијата премиер на Србија од Вучевиќ

Горан Наумовски

Изгласана новата Влада на Србија

Захарова за притисокот на ЕУ врз Србија: Евронацизмот повторно се раѓа пред нашите очи

Земјотрес во близина на Врњачка Бања

Мацут: Нашата надворешна политика мора да биде храбра и доследна, европската иднина е најдобриот одговор

Втор ден од собирот „Не ја даваме Србија“

А1он