УНИЦЕФ: На околу 75.000 деца им се заканува смрт поради недостиг од храна во Нигерија

Од:

На околу 75.000 деца во текот на следната година им се заканува смрт во Нигерија поради недостиг од храна, за што причина се нападите на „Боко Харам“, доколку итно не се најдат донатори, предупреди денеска Детскиот фонд на ОН (УНИЦЕФ).

Оваа бројка е многу поголема од оние 20.000 деца кои ги загубија своите животи во текот на седумте години од почетокот на конфликтот со исламистичката група.

Според УНИЦЕФ, огромниот недостиг на храна и големиот број деца, на кои им се заканува опасност по живот, ја прват оваа хуманитарна криза во Нигерија веројатно најтешка во светот. Фондот изрази загриженост, но досега нема реакција од страна на донатори.

УИЦЕФ денеска двојно ја зголеми сумата за помош на Нигерија, соопштувајќи дека се потребни 115 милиони долари за да се спасат децата.

Би можело да ве интересира

Секое трето дете во земјава живее во сиромаштија

Катерина Ѓуровски

Децата се 70 отсто од жртвите на трговија со луѓе во Македонија

Катерина Ѓуровски

УНИЦЕФ ги повика талибанците да дозволат девојчињата да се вратат на училиште

ВИДЕО: Погодено возило на УНИЦЕФ на влезот на Газа

УНИЦЕФ: Најмалку 17.000 деца во Газа се одвоени од своите семејства

УНИЦЕФ: Убиството на децата во Газа мора да се запре, тие не се цел