Десет катови над земјата, меѓу две луксузни станбени згради, првпат во светот, ќе биде изграден целосно транспарентен базен.
Базенот-мост ќе поврзува две структури на станбен комплекс во Лондон и ќе им нуди спектакуларен поглед на пливачите од 35-метарска височина.
Панорамскиот базен ќе биде долг 27 метри, а ќе има длабочина од три метри.
Целосно ќе биде направен од 20 сантиметри дебело стакло без ниту една потпорна структура.
Базенот ќе биде дел од проектот „Embassy Gardens’, вреден 15 милијарди долари.