Градското Кино Милениум од 1 октомври започнува со редовен репертоар на најновите филмски наслови.
Во сабота, на 12-то издание на Белата ноќ, стартува со премиера на македонскиот кандидат за Оскар, филмот, „Ослободување на Скопје“ со бесплатни проекции од полноќ 00:00 часот, 02:00, 04:00, и 06:00 часот. Билети за бесплатните проекции можат да се подигнат од билетарница на Кино Милениум, започнувајќи од утре од 10:00 часот. Еден посетител може да подигне најмногу два билети.
Од МКЦ информираат дека поради временските услови (ниските ноќни температури), најавеното кино под отворено небо на Школката во Градскиот парк се откажува до следната подобра прилика.