Тирана ги осуди инцидентите врз автомобилот на Груевски

Од:

Албанското министерството ги осуди инцидентите кои се случија во Тирана за време на посетата на премиерот Никола Груевски, кога беа палени македонските знамињ и беа фрлани јајца кон автомобилот на македонскиот премиер.

Албанија се дистанцира и ги осудува инцидентите кои не придонесуваат за климата во меѓусебните односи, ниту пак за големата празнична атмосфера за одбележувањето на 100 години независност на албанската држава, стои во соопштението на албанското министерство.

Во соопштението стои и дека албанското МНР уверува дека надлежните органи работат на расветлување на инцидентите и дека сторителите ќе бидат изведени пред законот.

„Албанското МНР како и во минатото ќе продолжи да поттикнува добри меѓуетнички односи и почит кон симболите, историјата, јазикот и културата на сите држави од регионот во аспирациите кон Европа и интегрирање на целиот регион”, стои во писмената реакција.

Вчера македонското МНР упати остра осуда до албанските колеги, поради инцидентите кои се случија за време на посетата на премиерот Груевски на Тирана. Во министерството беше повикан на разговор албанскиот амбасадор во Скопје.

Би можело да ве интересира

Во првата половина од годинава Албанија ја посетиле над 5 милиони странци

А1он

Полицијата и демонстрантите се судрија во Тирана

Силна бура ја погоди Албанија: Има загинати и повредени

Горан Наумовски

Партијата на Македонците и другите малцинства во Албанија, побараа загарантирано парламентарно претставување и јавно финансирање

Хита: Полицијата пронашла законски пречки за едно лице на „Ќафасан”, другите три што го придружувале сами одлучиле да не го продолжат патувањето

По Србија и Косово, набргу One Stop-систем и со Албанија