Енергетски ефикасниот дизајн е вид на архитектура која ги надминува еколошки исправните карактеристики и може да ги намали сметките за електрична енергија и да создаде многу хармоничен ентериер.
Куќата во Сиетл се потпира на својата целокупна форма, на иновативните архитекстонски детали, на планот на простор и паметната вентилација со чија помош значително се намалува количеството на јаглерод диоксид.
Куќата е изградена од рачно изработен кедар, кој пружа препознатлива и единствена фасада, а воедно ги подобрува еколошките карактеристики на објектот.
Зад дрвениот екстериер на куќата се крие нејзината минималистичка внатрешност со ентериер во бела боја.
Високиот покрив создава чувство на пространост. Со отворената заедничка површина со различни висини, која ја спојува дневната соба на приземјето и со многу приватни простори на првото ниво, со што е непречен проток на светлина низ целата куќа.
Секој детал во куќата може да биде контролиран со паметен телфон или таблет, дури и кога сопствениците не се дома.