Фејсбук им нуди опција за скратени команди на корисниците кои претпочитаат тастатура

Од:

Mногу од командите коишто секојдневно ги извршуваме на Фејсбук, можат да бидат поедноставни и побрзи со помош на тн. „лепливи копчиња”.

Фејсбук им нуди „куси патчиња“ на корисниците кои претежно ја користат тастатурата за навигација, наместо „глувчето“. Комбинациите со копчињата сепак, може да се разликуваат во зависност од пребарувачот (дали е тоа „Фајрфокс“, „Интернет Експлорер“…)

На листата пребарувачи подолу е прикажано како со помош на копчето „тараба“ (#), вообичаената функција на тастатурата се заменува со опцијата за скратени команди за Фејсбук, за секој пребарувач посебно:

„Интернет Експлорер“ за компјутер: Alt + #, потоа Enter
„Фајрфокс“ за компјутер: Shift + Alt + #
„Сафари“: Ctrl + Opt + #
„Фајрфокс“ општо: Ctrl + Opt + #
„Хром“ општо: Ctrl + Opt + #
„Хром“ за компјутер: Alt + #

Копчиња за скратени команди:

0 – Помош
1 – Почетна страница
2 – Дневник
3 – Пријатели
4 – Сандачето за пораки (Инбокс)
5 – Известувања
6 – Поставки
7 – Дневник на активности
8 – „За“ (лични податоци)
9 – Услови за користење

Нови комбинации

j и k – Листање и обележување на објавите
enter / return – Отворање на одредена објава, и враќање на претходната страница
p – Нов статус
l – „Лајк“, но и обратната функција – „одлајкнување“
c – Коментар на избраната објава
s – Споделување на избраната објава
o – Отворање на придружната содржина во избраната објава (линк, фотографија, датотека)
/ – Пребарување
q – Пребарување чет контакти
? – Преглед и потсетување на новите опции за скратени команди

Веб-месинџер:

CTRL + g – Пребарување разговори
CTRL + q – Приказ на скратени команди и обратно
CTRL + Delete – Зачувување / бришење на одреден разговор
CTRL + j – Означување спам
CTRL + m – Нова објава
CTRL + i – Линк до сандачето
CTRL + u – Линк до „Повеќе“

Би можело да ве интересира

Фејсбук и Инстаграм се вратија, корисниците можат повторно да се логираат

Волстрит џурнал: Закерберг отпушта илјадници вработени од Мета платформс

Ана Ололовска

ФТ: Европски официјални лица побараа од Фејсбук и Твитер да затворат профили на повеќе од 100 руски амбасади и државни институции

Ана Ололовска

Твитер недостапен во Русија, проблеми и со Фејсбук и Инстаграм

Ана Ололовска

Фејсбук им забрани на руските државни медиуми реклами и монетизација на платформата

Ана Ололовска

Русија делумно го ограничи пристапот до Фејсбук

А1он