(ВИДЕО) Тунтев: Загрозен статусот на Охрид во Унеско – ВМРО-ДПМНЕ бега од надзорна расправа

Од:

„Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ вчера, на собраниската Комисија за култура, гласаа против одржување на надзорна расправа за состојбата со природното и културното наследство на охридскиот регион.

Повеќе од очигледно стана дека ВМРО ДПМНЕ бега од надзорна расправа со цел нивните функционери да не одговараат на поставените прашања. Тие сакаат да избегаат од одговорноста за тоа што поради нестручно, несовесно и неодговорно однесување на надлежните државни институции, Охрид е на чекор до губење на статусот на заштитено подрачје од УНЕСКО.

На последната седница на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО, што се одржа во јули оваа година, за прв пат во официјален документ на светската организација е ставена забелешка со која охридскиот регион се соочува со опасност да биде впишан во листата на загрозени подрачја.

Опозицијата ќе ги искористи сите законски и деловнички права и можности за организирање на надзорната расправа во Собранието.

Недозволиво е неодговорната и криминална власт и понатаму да си игра со нашето природно и културно наследство. Надлежните институции веднаш треба да ги стопираат и преиспитаат сите градежни проекти во националниот парк Галичица, кои ќе ги доведат во опасност природните реткости. Во забелешките од УНЕСКО се вели дека таквите проекти имаат значителни потенцијални негативни влијанија и претставуваат потенцијална опасност за исклучителната универзална вредност на природното наследство. Македонија има рок до 1 февруари 2017 год. да ги имплементира препораките и да ги отстрани забелешките дадени од Комитетот на УНЕСКО.

За оваа криминална власт интересни се само проектите кои носат дебели провизии. По 11 декември ова ќе се промени. Новата влада на СДСМ ќе се грижи за нашето природно и културното наследство“, изјави Томислав Тунтев, пратеник.

Би можело да ве интересира

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он

(ВИДЕО) Штерјова: Бизнисот цвета – нова зделка со броила за струја вреден 13.3 милиони евра за српска фирма

А1он

Тренчевска: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ

Имало ли одлука на Собранието на акционери на Лотарија за финансирање на прославата, прашува СДСМ