Сириските безбедносни сили го зазедоа денеска централниот дел на Алепо, кој беше под контрола на бунтовниците, по жестоките воздушни напади во последните седум дена.
Државната телевизија објави дека војската го заземала Фарфру, во близина на познатата тврдина во Алепо, а се уште се водат борби во близина на историскиот дел од градот.
Судирите за најголемиот сириски град започнаа откако бунтовниците зазедоа неколку квартови во источниот дел на градот во 2012 година. Тие квартови сега се под опсада и во текот на минатата недела врз нив се извршени најжестоките воздушни напади од почетокот на војната, во кои загинаа над 200 луѓе, а целосно се разурнати повеќе згради.