Непалските власти објавија дека 14 лица загинаа, а деветмина други се повредени кога денеска еден преполн автобус излетал од планински пат, пренесуваат американските медиуми.
Властите наведуваат дека патниците биле и внатре во автобусот, но и на неговиот покрив. Откако излетал од тесниот планински пат во близина на селото Лапанг Педи, автобусот се тркалал околу 300 метри и конечно запрел на брегот на реката Анку.
Преживеаните со хеликоптер се префрлени во непалската престолнина Катманду.