Омнибусот „Правда“ и претставата „Мртва точка“ за затворање на 41. МОТ

Од:

Омнибус претставата „Проект: Правда“ на студентите на факултетите за драмски уметности од Скопје, Загреб, Љубљана, Белград, Сараево, Нови Сад и и Цетиње вечер, од 18 часот ќе биде изведена на 41. Меѓународен театарски фестивал „Млад отворен театар“ (МОТ).

Како што соопшти МОТ, се работи за седум кратки текстови на тема правда: „Чепкалка“, „Печат“, „Попокатепетел“, „Шах-мат љубов моја“, „Терапија“, „Тука сум, Брехт“ и „Зафркавање“.

Студентите, како што се наведува во соопштението, минатата година заедно работеа на целосно создавање на омнибус претставата, од креирање на драмски текстови, преку режија и актерска игра, се до продукција и организирање на настапи.

Од Факултетот за драмски уметности во Скопје учесници се шест студенти по актерска игра и по еден од одделите драматургија, театарска режија и продукција.

Во Универзалната сала од 21 часот ќе биде изведена претставата „Мртва точка“ на театарот „Тома Карагиу“ од Плоешти, Романија. Режијата е на Раду Африм, а обезбеден е превод на македонски јазик.

Претставата раскажува приказна за млада жена по име Ника, која стои колебајќи се меѓу парализирачката депресија и потребата да продолжи да живее по смртта на нејзиниот сопруг. Во потрага по излез од нејзиниот загушувачки стеснет свет, таа ја напушта работата во банка и наоѓа утеха во бучната индиферентност на улиците на големиот град. Нејзината средба со една жена на семафор, отвора нова стварност.

Би можело да ве интересира

Актерот Сашо Тасевски доби награда за улогата Фестер Адамс во претставата „Фамилијата Адамс“

Џенкинс: Да ги надминеме традиционалните сценски простори, да се вклучиме во заедниците

Љутков: На Велес му го враќаме театарот во неговата вистинска институционална форма

Четворица обвинети за изградбата на театарот и библиотеката во Тетово

Горан Наумовски

Театрите и Филхармонија со зголемен број претстави/концерти и посетители во 2023/2024

А1он

Шест години постоење на „Театар Провокација“

А1он