Почна бесплатниот геодетски премер за лицата од поплавените подрачја

Од:

Агенцијата за катастар на недвижности денеска почнува со изготвување бесплатни геодетски елаборати од најпогоденото подрачје од поплавите, село Стајковци, а со изготвување бесплатни елаборати ќе бидат опфатени сите населени места од поплавениот регион. Агенцијата за оваа намена формира седум стручни тимови кои сочинуваат повеќе од 20 вработени геодети, а при посетата пријавените лица ќе пополнуваат барање за изготвување бесплатен геодетски елаборат.

Ова денеска го истакна директорот на Агенцијата за катастар на недвижности, Славче Трпески, кој рече дека Агенцијата досега има примено 229 барања за изготвување бесплатни геодетски елаборати од страна на жителите на поплавените подрачја. Од овие барања, појасни, 57 се поднесени во Агенцијата за катастар на недвижности по писмен пат, односно граѓаните ги поднеле на шалтерите во Катастарот, додека 172 барања се пријавени преку контакт-центарот на Агенцијата за катастар на недвижности телефонски или преку електронска пошта.

Посочи дека во зависност од бројот на поднесените барања, стручните тимови ќе бидат на терен сѐ додека не се изврши и последото мерење и сето тоа ќе биде бесплатно за жителите од поплавените подрачја, а по завршувањето на мерењата следува канцелариска работа, односно изработување геодетски елаборат, по што истиот ќе биде доставен до странката.

Од Агенцијата информираат дека сѐ уште постои можност за пријавување за оваа мерка и затоа уште еднаш ги повикуваат граѓаните од поплавените подрачја кои поднеле барање за легализација до надлежната општина, а сѐ уште немаат доставено геодетски елаборат, да се јават во инфо-центарот на Агенцијата за катастар на недвижности на телефонскиот број 0800 80 800 – за лица кои се корисници на фиксни телефонски линии на Македонски телеком (02) 317-17-33 за лица кои се корисници на кој било фиксен и мобилен провајдер во РМ, и (02) 317- 38-25 за лица кои се корисници на кој било фиксен и мобилен провајдер во Република Македонија.

Владата на Република Македонија, во пакет-мерките за помош на граѓаните од поплавените подрачја, предвиде и мерка изготвување бесплатни геодетски елаборати за лицата кои поднеле барање за легализација на диво изграден објект.

По предлог на Агенцијата за катастар на недвижности, Владата го усвои Акцискиот план за изготвување бесплатни геодетски елаборати, додека Собранието на Република Македонија ги донесе измените на Законот за катастар на недвижности со кои се овозможи Агенцијата за катастар на недвижности да може да врши бесплатни геодетски мерења за недвижностите кои биле зафатени од природни непогоди.

Би можело да ве интересира

Првиот човек на Валенсија одбива да поднесе оставка за грешките за време на поплавите

(ВИДЕО) Во Шпанија се затвараат училишта, се евакуираат некои жители по обилните дождови

(ВИДЕО) Драматични сцени од Шпанија: Малага е под вода

Горан Наумовски

Санчез: Времето за политички дискусии за поплавите ќе биде по реконструкцијата

За настраданите од поплавите во Шпанија ќе донираат по 100 евра за секој километар што ќе го претрчаат на теренот

А1он

(ВИДЕО) Невремето од Валенсија се пресели во Барселона, поплавени улици, отежнат сообраќајот на возовите