Туркменистан доби аеродром во форма на сокол

Од:

Туркменистан може повторно да се пофали со уште една необична градба во неговиот главен град Ашхабад, односно зградата на аеродромот која има форма на сокол во лет, симболот на националната авиокомпанија.

аеродром во Туркменистан

Преубавата градба чини повеќе од две милијарди евра, а за изградбата била задолжена турската компанија „Полимекс“.

аеродром во Туркменистан

Зградата со пет катови, може да прими повеќе од 1.600 патници во еден час.

аеродром во Туркменистан

Претседателот Гурбангули Бердимухамедов изјави дека новите патнички терминали ќе имаат капацитет за 17 милиони патници, додека низ товарните терминали ќе можат да поминат 200.000 тони товар годишно.

аеродром во Туркменистан

– Со поволната географска положба, на крстосница на регионалните и меѓународните патишта, нашата земја има солиден транзитен потенцијал кој планираме да го оствариме до максимум, нагласи Бердимухамедов на отворањето на аеродромот.

Би можело да ве интересира

Мет Дејмон продаде имот во Лос Анџелес за 18 милиони долари

Ана Ололовска

Се изнајмува стан уреден во стилот на „Кери Бредшо“

Ана Ололовска

Алиша Кис го покажа својот нов луксузен дом

Ана Ололовска

Стан-гаража во Загреб го привлече вниманието на многумина

Ана Ололовска

Мерилин Менсон ја продава вилата во Лос Анџелес за 1,75 милиона долари

Ана Ололовска

Нина Добрев го покажа својот реновиран дом во САД

Ана Ололовска