МНР: Македонија обезбедува хуман третман на мигрантите согласно домашните закони и меѓународни конвенции

Од:

Министерството за надворешни работи ја цени и почитува работата на Канцеларијата на Високиот Комесар за човекови права во Обединетите нации и ја оценува како особено важна во заштитата и почитувањето на човековите права во светски размери. Сепак, во контекст на последното соопштение до јавноста во насока на непочитувањето на правата на мигрантите/бегалците од страна на Република Македонија и острата реторика искористена во истото, сакаме да потенцираме дека Република Македонија посветено работи на проблематиката за справување со мигрантската криза, притоа обезбедувајќи хуман третман, согласно националните закони и меѓународните конвенции за заштита на човековите права.

Би ги охрабриле институциите кои се задолжени да даваат оценки за ограничени аспекти на комплексната криза со која се соочува континентот да се ангажираат во формулирањето на сеопфатни решенија. Секако, тоа е многу потешко, но, така можеби би се избегнале стапиците да се става во фокус само една земја или да се третира само еден аспект од еден многу комплексен феномен.

Низ нашата територија поминаа над милион мигранти, за чиј трансфер беа искористени огромен дел од сопствените капацитети за менаџирање на процесот. Истиот се спроведуваше и сеуште се спроведува со помош од пријателски држави на Република Македонија, невладиниот сектор и меѓународните организации. Според податоците до август 2016 година, повеќе од 580 погранични патроли ја менаџираа границата, со придонес на безбедносните сили од Австрија, Хрватска, Србија, Словенија, Словачка и Унгарија.

Во неколку наврати е потенцирано дека Република Македонија се соочувала со потешкотии во изнаоѓањето соодветен баланс помеѓу одржувањето на редот и безбедноста во државата и осигурувањето на човековите права на мигрантите кои се на наша територија, но исто така, во текот на оваа криза се покажа како кредибилен и одговорен партнер на Европската унија и меѓународните организации.

Република Македонија дава максимални напори во справувањето со оваа комплексна ситуација, притоа прилагодувајќи се на потребите на настанатата ситуација во насока на пружање соодветен третман на мигрантите на своја територија. И во иднина ќе продолжиме со максимални напори да го спроведуваме почитувањето на човековите права на сите граѓани подеднакво, со посебен фокус на обезбедување минимум соодветни услови на мигрантите кои се наоѓаат во нашата држава или транзитираат низ Република Македонија.

Би можело да ве интересира

Во МНР отворена Книга на жалост за загинатите во трагедијата во Кочани

МНР: На девет амбасадори им завршува мандатот, неточни се информациите објавени на дел од порталите

Филипче покажа недоволно познавање на меѓународната политика, реагира Министерството за надворешни

МНР: Македонија ја реафирмира цврстата поддршка за Украина и продолжува со осудата на агресијата на Руската Федерација

Македонија ќе добие нови амбасадори во Украина, Јапонија и Хрватска

МНР ќе бара објаснување од Србија зошто е протерана македонска државјанка од Белград

Горан Наумовски