Историскиот лидер на кубанската револуција Фидел Кастро и јапонскиот премиер Шинѕо Абе ја повикаа светската заедница „да ги зајакне напорите за уништување на нуклеарното оружје и заштитата на мирот“, пишува висникот „Гранма“.
Деведесетгодишниот кубански политичар се сретна вчера во Хавана со јапонскиот премиер, кој е во официјална посета на земјата.
Двајцата разговараа за „тешката ситуација во светот и опасностите, кои го следат, пишува весникот.
Кастро и Абе посочија дека се задоволни од пријателските врски меѓу две земји, и изразија надеж дека ќе се продлабочи соработката меѓу Јапонија и Куба.