СДСМ: Струмица е пример за решени транспорт и греење во училиштата

Од:

Начинот на финансирање на транспортот и на греењето во училиштата се случува преку блок дотации од МОН, веќе неколку години по ред, неколку општини не успеваат да ги покријат овие трошоци од различни причини. Овој септември имаме два големи краха на системот на образовние што го раководи ВМРО ДПМНЕ и ДУИ, најпрвин тоа се катастрофалниот упис на учениците, а второ проблемите со транспортот затоа што во неколку општини, апсолутно општината ниту има сретства, ниту има пари, а и тие пари ако ги имала очигледно ги потрошила на друг начин и децата немаат ниту транспорт, кој е всушност проект кој Владата цело време го најавува како бесплатен првоз на учениците, а многу скоро ќе видиме дека училиштата во неколку општини не можат ниту греењето да го обезбедат како што беше минатата зима. Значи целосното финансирање од МОН на основните и на средните училишта, крахира како систем, рече Петар Атанасов, претседател на Комисија за образование и наука на СДСМ.

 
Финансирањето на основните и на средните училишта преку закон за децентрализација ги има префрлено ингеренциите на општините, некаде на патот помеѓу МОН и општината настанува проблемот, но тој проблем не е присутен во сите општини, еве, на пример, зошто нема проблеми, ниту со транспорот, ниту со греењето во општина Струмица, каде што општина Струмица нема воопшто никакви долгови, имаме долгови, на пример, во Битола каде што на сите училишта им се замрзнати сметките и општината не може никако да спроведе ниту тендер за транспорт на учениците, така што од општина до општина има разлики, таму каде што се работело домаќински, каде што општината обезбедила повеќе сретства, го финансира образованието и нема проблеми, во оние општини каде што градоначалниците и советите не успеале тоа да го направат, треба што побргу да го решат, затоа што во законите едно пишува, а МОН не успева да го отвори овој процес.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

СДСМ: Домашниот притвор за Груби е доказ дека правдата е погребана

(ВИДЕО) Цветков: Минималната плата не е само бројка, илјадници семејства тонат во сиромаштија

Кузеска: Обвинителството се заплетка со притворот за Груби

СДСМ: Обвинителство го закопа Мицкоски – МВР на Тошковски и АНБ на Христовски дале проценка за Груби

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Правната држава е погребана, куќниот притвор за Груби е печат на дилот ВМРО–ДУИ