Претседателот на Киргистан на лекување во Москва

Од:

Претседателот на Киргистан, Алмазбек Атамбаев денеска пристигна од Турција во Москва, каде што ќе се лекува од кардиолошки проблеми, соопшти прес-службата на претседателскиот кабинет во Бишкек.

Како што јави ТАСС, по препорака на медицински експерти и по покана од Русија, Атамбаев бил примен во Централната клиничка болница на Руската претседателската администрација, за да го продолжи своето лекување со лекарите кои претходно ги извршувале „прегледите и лекувањето на неговото срцево заболување”.

СО Атамбаев, во Москва пристигнала и кардиологот Гулмира Баитова од киргистанската владина болница.

Поради влошената здравстваена состојба Атамбаев на 19 септември го откажа учеството на 71. седница на Генералното собрание на ОН.

Би можело да ве интересира

Спречен обид за антивладини протести во Киргистан, уапсен се наводните лидери на бунтот

Силен земјотрес во Киргистан

Обид за државен удар во Киргистан, Москва многу внимателно ги следи сите случувања

Горан Наумовски

Силен земјотрес го погоди Киргистан

Повторно судири на таџикистанско-киргистанската граница: Две лица убиени, 55 ранети

А1он

Киргистан и Таџикистан договорија прекин на огнот

Ана Ололовска