МЗТ Скопје Аеродром и Карпош Соколи во борба за кошаркарскиот Супер куп

Од:

Екипите на МЗТ Скопје Аеродорм и Карпош Соколи ќе се борат за првиот трофеј во новата кошаркарска сезона. Тие ќе играат во решавачкиот натпревар за пехарот во Супер купот.

Шампионот МЗТ Скопје Аеродром во првото полуфинале убедливо го победи тимот на Фени Индустри со 83:50. Најефикасен беше Џошуа Смит од МЗТ Скопје со 14 поени.

Во второто полуфинале на турнирот Карпош Соколи го победи Куманово со 82:72. Со исклучок на последната четвртина која заврши нерешено (15:15), другите три им припаднаа на кошаркарите на Карпош Соколи.

Кај победничката екипа почетната петорка натпреварот го заврши со двоцифрен број поени. Најпрецизен на дуелот беше Данило Мијатовиќ од Куманово со 21 поен.

Финалето на Супер купот се игра вечерва од 20:30 часот во СЦ „Јане Сандански“.

Би можело да ве интересира

Кошаркарите на Партизан поразени од Барселона

Кошаркарите на Партизан поразени од Фенербахче во седмото коло од Евролигата

„Во последните осум години тој е најдобриот тренер во Европа“

Предраг Петровиќ

Европскиот првак го напаѓа Фенербахче без тројца играчи

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ