Основното јавно обвинителство – Гостивар, кое раководеше со стручен тим составен од археолози, антрополози и спелеолози, денеска ги подигна сите човечки остатоци од пештерата помеѓу селата Тајмиште и Бачишта, над Бачишка река.
Од оваа пештера позната под името „Череп“, во првото собирање на почетокот на септември, беа подигнати околу 19, а денеска во продолжението на дејствијата уште 40 черепи и други остатоци.
Како што информираат од Основното јавно обвинителство – Гостивар, сите пронајдени остатоци се пренесени на Институтот за судска медицина, криминалистика и медицинска деонтологија во Скопје, каде ќе биде извршена нивна обработка.