Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен премиер Никола Груевски, денеска како одговор на новинарско прашање како ја оценува работата на Специјалната јавна обвинителка, рече дека не бил задоволен, јавува новинската агенција „Мета“.
– Далеку од нашите очекувања во однос на професионалноста, непристрасноста и во однос на објективноста – кратко изјави Груевски на денешната промоција на нови 25 наслови од едицијата „Врвови на светската филозофија, историја и психологија со психоанализа“.
Никола Груевски е првообвинет во едно од првите две обвиненија кои ги поднесе Специјалното јавно обвинителство водено од Катица Јанева.