Тевдовски: 108.000 денари на почеток од годината за мали и средни фирми!

Од:

Денес сме во Охрид. Тука во разговаравме со сопственици на малите бизниси и ги слушавме мислењата на граѓаните. Тие едногласно кажуваат дека тешко се врзува крај со крај во месецот. За да се подобри животниот стандард на мнозинството на граѓани кои секојдневно работат и живеат од своите плати, а немаат приходи од капитал, потребно е да растат платите во Македонија, вели Драган Тевдовски, претседател на Комисијата за економија на СДСМ.
 
Освен минималната плата што ќе биде зголемена, ќе стимулираме отворање на добро платени работни места кои ќе обезбедат ликвидност во домашните фирми, а притоа нема да го рушат фондот за ПИОМ. Така, на  малите и средни претпријатијата, кои ќе вработат невработени лица до 50 години возраст и ќе им дадат плата еднаква или поголема од просечната, ќе им се додели поддршка во висина од 9.000 денари за исплатена месечна бруто плата, во период од 12 месеци. Вкупната сума за поддршка за 12 месеци, претпријатието ќе ја добие на почетокот на првиот месец и таа ќе изнесува 108.000 денари.
 
За вработување на невработено лице над 50 години возраст, ако бруто платата е повисока од просечната, на претпријатието ќе му се доделат 162.000 денари на почетокот на првиот месец. Оваа мерка ќе важи и за вработување на лице од државната и јавната администрација, ако бруто платата е повисока од просечната, и во овој случај вкупната сума на поддршката што претпријатието ќе ја добие почетокот на првиот месец ќе изнесува 72.000 денари.
 
Доаѓа време на нова енергија во економската политика во Македонија. После 11-ти декември ќе се избориме за пристојни плати и подобар животен стандард за граѓаните во Македонија.

Би можело да ве интересира

Филипче: За две години потрошувачката кошничка е покачена за околу 10.000 денари, а платите не мрдаат

(ВИДЕО) Филипче: Тажен почеток на училишната година, 3.000 помалку деца, 433 паралелки помалку, затворени 26 училишта

(ВИДЕО) Кузеска: Под радарот течат матни зделки на Мицкоски за дата-центри, а ВМРО-ОКГ со лаги ги прикрива

Горан Наумовски

СДСМ: Цените се до плафон – мерки од владата на Мицкоски нема

Горан Наумовски

Поповиќ: Одговорност од Тошковски по новиот скандал со фалсификувани возачки дозволи во МВР

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина