Градската библиотела „Воган Сентер Ресорс“ во канадскиот град Онтарио претставува симбол на ултра модерните архитектура и ентериер, кои се далеку пред своето време.
Дизјанот на комплексот е инспириран од се поголемото значење на библиотеките во дигиталната ера и претставува импозантно место наменето за учење и за развој на креативноста на припадниците на локалната заедница, кое е опремено си сите современи технологии на 21. век.
Екстериерот на заградата е од стакло, на кое се рефлектира природното опктужување, со што на целата градба и се дава карактер на отвореност и транспарентност.
Од самиот влез во библиотеката, како и од сите страни на зградата е видлив дворот преполн со дрва и растенија, меѓу кои доминираат стеблата на црвениот јавор, националниот симбол на Канада.
Покрај просториите за сместување на книгите и дигиталната опрема, зградата содржи и соби за состаноци, простор наменет само за тинејџерите, јавен хол со компјутери, голема сала за учење и дополнителна просторија за детски активности.