Почина познатиот американски актер Лари Хагман, кој стана познат во 80-тите години на минатиот век со својата улога на Џеј Ар во култната серија „Далас”.
Тој почина од рак на 81-годишна возраст, соопшти неговото семејство.
– Почина опкружен со своите најблиски – се вели во соопштението.
Хагман стана познат во целиот свет по неговата улога на нафтениот магнат Џеј Ар Јуинг. Серијата „Далас” ги освои прво САД ,а потоа и останатиот свет. Се емитуваше од 1978 до 1991 година.