Во Љубљана направена најголемата Сахер торта во светот

Од:

Во центарот на Љубљана во попладневните часови е исечена и бесплатно поделена на граѓаните на словенечкиот главен град и нивните гости на најголемата Сахер торта во светот, тешка 600 килограми, а на неа веќе од раните утрински часови работеше екипа на австриски и словенечки слаткари

Поради нејзината големина, завршното премачкување на тортата со глазура се одвиваше попладнево, на посебно изработена повишена конструкицја во центарот на Љубљана.

Првите парчиња се за Љубљанчани, нивните гости и патниците, а ја исече 17 часот градоначалникот н на Љубљана, Зоран Јанковиќ и членот на Градскиот совет на Виена, Рената Бауер.

Виена и Љубљана се градови-пријатели, а изработката на најголемата оригинална Сахер торта во светот за која се верува дека ќе влезе во Гинисовата книга на рекорди, се одвива во рамките на љубљанските Денови на Виена, кога на Словенците им ги претставуваат туристичките, кулинарските и други атракции на австриската метропола.

За изработка на гигантска „Сахер“ торта, потрошени се две илјади јајца, 50 килограми брашно и путер, 40 килограми гранулиран шеќер и шеќер во прав, 45 килограми различни видови чоколада, повеќе од 80 колограми мармалад од кајсија и 200 килограми глазура. Тортата ќе се послужи на традиционалниот начин   –    со шлаг на врвот , кој е подготвен со 300 литри.

Рецептот за оригиналната Сахер торта веќе скоро 200 години е строго чувана тајна, а слаткарите кои ја прават сахер тортата при вработување потпишуваат договор со клаузула со која гарантираат дека на никој нема да ја откријат. Рецептурата ја смислил во 1832 година, Франц Сахер, помошник готвач на кнезот Вензел вон Метерних.

Главниот готвач бил болен,  па помошникот, по кого подоцна прославената торта го доби имете, добил наредба да подготви нешто посебно, оригинално и слатко за гоститите на принцот.

Би можело да ве интересира

Почина веројатно последната личност родена во 19. век

Ана Ололовска

Соборен рекордот во менување автомобилски гуми

Ана Ололовска

ВИДЕО: Џои Честнат од САД изеде рекордни 76 виршли одеднаш

Ана Ололовска

Швајцарски кројач соши панталони од 70 метри

Ана Ололовска

Новиот женски рекорд за најбрзо искачување на Еверест, ѝ припаѓа на планинарка од Хонг Конг

Ана Ололовска

ВИДЕО: „Пуцвал“ за Гинис – Симон Вилијамс е горда сопственичка на најголемата афро-фризура во светот

Жарко Настоски