Македонската кошаркарска репрезентација не оди во Б-дивизија

Од:

Македонската кошаркарска репрезентација која не успеа да се пласира на Евробаскет 2017, нема да се пресели во Б дивизијата, туку преку квалификациски турнир ќе се обиде да обезбеди опстанок во елитата, објави ФИБА Европа.

– Шеснаесетте национални тимови кои не се пласираа на Евробаскет 2017 ќе имаат право да учествуваат во квалификациската рунда што ќе се одржи следното лето. Осум селекции потоа ќе останат во елитата и ќе играат квалификациите за Светското првенство во 2019 година, се вели во информацијата на ФИБА.

Квалификациите ќе се одржат во периодот од 2 до 19 август а осумте најдобри селекции остануваат А дивизијата, додека другите осум нема да играат во Мундијалските квалификации и ќе имаат право да играат  во квалификациите за ЕП 2021 година.

Македонија заедно со Белорусија, Португалија, Албанија, Луксембург, Естонија, Швајцарија, Кипар, Холандија, Австрија, Данска, Босна и Херцеговина, Шведска, Бугарија, Косово и Словачка, ќе се борат за осумте места кои обезбедуваат учество во квалификациите за Светското првенство 2019.

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос