Чешки суд одби да притвори рускиот дисидент по кого е издадена меѓународна потерница

Од:

Прашкиот суд денеска не му одреди притвор на рускиот уметник и дисидент Олег Воротников, против кого е издадена меѓународна потерница и го прифати неговото писмено ветување дека нема да ја напушти Чешка и редовно ќе се пријавува во Судот.

Како што јави дописникот на МИА од Прага, Воротников не смее да ја напушти Чешка. За екстрадиција на странска држава одлучува министерот за правда, по претходна дозвола од надлежниот Суд.

Воротников, кој е член на уметничката група ,,Војна“, беше уапсен заедно со неговата сопруга Наталија Соколова во неделата вечер во главниот град на Чешка, откако со авион ја напуштиле Русија каде против нив е покренато обвинение за хулиганство.

Групата ,,Војна“ стана позната во летото 2010 година кога нацртаа огромен пенис на подвижниот мост пред зградата на руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) во Санкт Петербург.

Есента истата година, Воротников со уште еден свој колега беа притворени, откако на покров превртеа неколку полициски возила под изговор дека барале залутано топче.

Би можело да ве интересира

Маж зема воспитувачка како заложник, па и се закануваше со нож, драма во градинка во Чешка

Мигранти пронајдени во камион во Чешка, една жена почина

Маж со нож рани три лица на бензинска пумпа во Прага

Страшна несреќа во Чешка: Повредени се пет лица

(ВИДЕО) Судар на возови во Чешка: четворица мртви, десетици повредени

Катерина Ѓуровски

Чешкиот претседател имаше сообраќајка, пренесен е во болница