Канадското дизјанерско студио „Скот Позно“ изгради модерна куќа од 298 метри кавдратни, која е совршено вгнездена во косиот терен на кој е сместена.
Куќата „Пинк Хаус“, која се наоѓа во местото Маунт Плизант, е обложена со тесни штици од дрво од кедар, кои се поставени хоризонатлно во призмејето, а вертикално на првиот кат, што на целата градба и дава впечаток на визуелна нескалдност во дизјанот.
Во внатрешноста на куќата доминираат ѕидови и мебел со светли бои, кои се во директен контраст со црната надворешност. Белите подови од дабово дрво, специјално изработениот мебел и белите ѕидови претставуваат темел на модерниот ентериер.
Отворениот простор во призмејето каде се сместени дневата соба, трпезаријата и кујната, дава илузија на поголема квадратура од реалната, за што дополнително придонесуваат и стаклените панели, кои овозможуваат влез на природна светлина во домот.
Сите просотрии во куќата се пространи, модерни и светли и се карактеризираат со минималиситчки стил на ентериерот.