Новинарот Томислав Кежаровски регира на укинувањето на притворот за битолскиот градоначалникот, осомничен за проневера на пари, што не беше случај и со него кого закого судот сметаше дека може да избега па две години го држеше во притвор. Со оваа одлука судот уште еднаш ги покажа двојните стандарди под кои работи.
– Одлуката на судот градоначалникот на Битола, Владимир Талески да биде пуштен од притвор ме остави без текст. Не знам што да речам.
Тој е обвинет за проневера на пари, а јас за напишан текст.
Две години бев во притвор дека наводно, сум можел да избегам од државата и да влијаам на сведоци.
А, тој може ли да избега? Може ли да влијае на сведоци?
Чудесна Македонија, напиша Кежаровски.