Макемаке е третата најголема позната планета-џуџе во Сончевиот систем и еден од двата најголеми објекти во Кајперовиот појас. Дијаметарот на планетата е три четвртини од оној на Плутон.
Екстремно ниската просечна температура (околу 30 К (-243.15 °C)) значи дека неговата површина е покриена со мраз од метан, етан и можеби азот.
Макемаке беше откриена на 31 март 2005, од тимот предводен од Мајкл Браун и откритието беше соопштено на 29 јули 2005. Неговото име доаѓа од богот Макемаке на народот Рапануи.
На 11 јуни 2008 Меѓународната астрономска унија го вклучи Макемаке како потенцијален кандидат за добивање на статус „плутоид“, термин за џуџести планети, кои се наоѓаат зад орбитата на Нептун, распоредени меѓу Плутон и Ерис. Макемаке беше формално класифицирана како плутоид во јули 2008.
Освен Плутон, Макемаке е единствената останата планета-џуџе, која е доволно светла за Клајд Томбо да можел да ја забележи за време на неговото истражување на Транс-Нептунските планети околу 1930.
Во април 2011 година, планетата поминa помеѓу Земјата и далечна ѕвезда, и на астрономите им овозможи детална студија со седум различни телескопи распоредени низ Бразил и Чиле.
Како што објавија од BBC, тие ја набљудуваа џуџеста планета во една минута, додека таа беше во предниот дел на Номад ѕвездата, блокирајќи ја својата светлина, слична на феноменот на затемнување на Сонцето.