(ВИДЕО) Манчевски: Намален е за 2.000 бројот на средношколци во Скопје, мораме да ги спречиме иселувањата!

Од:

Во оваа 2016/2017 година средните училишта во Скопје останаа попразни за околу 2.000 ученици. Секоја учебна година се намалува бројот на запишана ученици во средните училишта. На пример, во учебната 2007/2008 година, во средните училишта во Скопје биле запишани 6.471 ученик, вели Дамјан Манчевски, координатор на советничката група на СДСМ и коалициските партнери во Град Скопје.

Денеска, оваа бројка е 4.804 средношколци. Овие тенденции на намалување на бројката на запишани средношколци за жал не се само одлика на главниот град, туку тоа се случува насекаде низ државата.

Погубните политики на Никола Груевски ги натераа младите да ја напуштат Македонија.

Младите не сакаат да живеат како робови на фамилијата на власт.

Ние сите, овие генерации денеска ја имаат историската одговорност да го прекинеме трендот на иселувања. На одвојувања на деца од родители. На одлевање на интелигентни и млади луѓе во странство.

Ќе обезбедиме животен стандард којшто на семејствата ќе им обезбеди да ги образуваат своите деца во Македонија. Ќе обезбедиме услови за започнување бизнис на младите, ќе обезбедиме и младинска гаранција којашто на сите оние кои ќе завршат со образованието ќе им гарантира работно место, пракса или доквалификации.

Би можело да ве интересира

Филипче: Од реконструкцијата граѓаните ќе добијат само нови имиња и голема нула

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Мицкоски ќе прифти се што бараат СДСМ и Левица за Изборниот законик, ама дијаспорта не ја дава

Филипче: Нема да дозволиме изборна кражба!

А1он

ВИДЕО: И СДСМ ќе го блокира Изборниот законик, Филипче вели дека отвора врата за изборна кражба

Димитриевски: СДСМ е друштво во стечај, координирано од Струмица, а ликвидаторот е Венко Филипче