Донација и експертска помош од Израел за поплавите во Скопскиот регион

Од:

Амбасадорот на Израел во Македонија, Дан Оријан и израелски експерти денеска и утре во Скопје ќе спроведат акции за помош на Македонија во борбата против последиците од големото невреме и поплавите кои го погодија Скопје минатиот месец.

Амбасадорот Оријан денеска ќе предаде донација со градежни материјали на претставници на месната заедница на Стајковци, по што со израелските експерти ќе направат увид на најоштетените локации. По тие активности на Скопски саем,  во организација на амбасадорот е најавен работен состанок помеѓу израелскиот експертски тим и претставници на министерствата за животна средина и просторно планирање и за транспорт и врски, градоначалници и нивни стручни тимови од повеќе градови на Македонија. Целта на состанокот е превенција на идни штети од поплави во урбаните средини преку имплементација на Израелската експертиза.

Експертскиот тим од Израел утре во соработка со АДКОМ, Асоцијацијата на даватели на комунални услуги на Македонија, треба да одржи целодневен тренинг семинар за 70 претставници на комуналните претпријатија од цела Македонија на тема „Израелските искуства во секторот на води и менаџмент со водните инфраструктури“.

– Израел, како водечка земја во водниот инжењеринг, ги става на располагање на македонските колеги своите искуства за борба против поплавите кои се дел од последиците на климатските промени, со посебен акцент на заштитата во урбаните средини, се вели во соопштението од канцеларијата на амбасадорот на Израел во Македонија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Поплави во Италија, снежна бура на Алпите, падна еден метар снег, градови се отсечени

Вардар во Велес излеан на кејот, во градскиот парк поплавени дрвјата покрај брегот

Предраг Петровиќ

Излеаната Маркова Река направи проблеми во Студеничани, Батинци, Пинтија, Горно и Долно Лисиче

Горан Наумовски

Стотици илјади луѓе во Австралија се без струја поради тропската бура „Алфред“

(ВИДЕО) Мајки со бебиња бегаат од поплавената болница во Аргентина, 10 загинати во поплави

(ВИДЕО) Поплави го погодија југоисточниот дел на САД, загинаа најмалку девет лица