Руска хуманитарна помош за поплавените

Од:

Помош од Руската Федерација наменета за справување со последиците од поплавата во Скопскиот регион и за засилување на капацитетите на службите за кризно реагирање, ќе биде донирана денеска во Дирекцијата за заштита и спасување на Република Македонија.

Хуманитарната помош со тежина 40 тони е доставена со специјален автомобилски превоз на Министерството за цивилна одбрана, вонредни состојби и отстранување на последиците од елементарни непогоди на Руската Федерација.

Во товарот се вклучени мобилни дизелни и бензиски генератори со моќност од 5 до 120 kW, специјални пумпи и пумпена опрема, ќебиња, конзерви од риба и месо, информира Руската амбасада во Скопје.

Би можело да ве интересира

Нема пријави за излевање на Вардар кај Форино, ниту нови поплавувања на објекти на подрачјето на Кичево

Повторно врнежи денеска, нова закана од поплави

Катерина Ѓуровски

Гостиварското село Форино е најпогодено од поплавите

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

Уште се поплавени домови, дворови, имоти, евакуираните во Кичево и натаму се во спортската сала

Катерина Ѓуровски

Се стабилизира состојбата по обилните врнежи во земјава