Претседателот на Нигерија Мухамаду Бухари се извини поради тоа што ја користел плагираната верзија на победничкиот говор, кој претседседателот на САД Барак Обама го одржа во 2008 година и порача дека ќе ги казни одговорните.
Бухари се извини непосредно пред состанокот со Обама, планиран за следната недела во Њујорк.
Во говорот, кој Бухари го одржа на 8 септември почнувајќи ја кампањата со слоганот „Промените почнуваат со мене“, со цел промовирање нов начин на размислување, неколку реченици беа речиси идентични со оние кои Обама ги изговори пред осум години.