Почнува „Блуз и соул фестивалот 2016“

Од:

Американскиот блуз и соул вокалист Тери Еванс, еден од најстарите блуз бендови во регионот „Raw Hide“, блуз-рок гитаристот Били Мерзиотис и еден од најатрактивните млади гитаристи на американската блуз-рок сцена Рајан Мек Гарви се гости на годинашниот „Blues&soul фестивал“, што од денеска до 21 септември ќе се одржува во Скопје.

Отворањето е во Сити хол, а фестивалот  е во организација на Дирекцијата за култура и уметност-Скопје.

Програмскиот селектор Васја Ивановски најави дека фестивалот нуди интересна, разновидна и пред се, како што рече, квалитетна програма каде секој љубител на оваа музика може да се пронајде.

– Фестивалот слави 20 години постоење и ниту еден град во регионот не може да се пофали со толку голем број фестивали како Скопје. Изминативе години донесовме репрезентативни имиња од светската музичка сцена, од кои некои се добитници на Греми награди, па така исклучок нема да биде ниту годинашното 21. издание, чија приказна почна далечната 1996 година, изјави Ивановски.

На годинашниот фестивал за разлика од претходните изданија нема македонски изведувачи.

Фестивалот е поддржан од Министерството за култура, Град Скопје и Американската амбасада во Скопје.

Би можело да ве интересира

Џез Фабрика фестивал Битола дел од светската мрежа на Арт фестивали

А1он

„Јон Вардар против галаксијата” викендов беше премиерно прикажан во Шпанија

Победничката на UpBeat – Best New Talent Award на фестивалот Звукот на Скопје

Битола по теркот на светските џез сцени: Национален Џез Оркестар и Мартин Ѓаконовски – Шпато со изведби посветени на Реј Браун

Предраг Петровиќ

Едукација, хуманост и забава на едно место: Вечерва прво издание на „Ајде фестивалот“ чиј покровител е Хајделберг факултет

Хајделберг Факултетот во Скопје главен покровител на првото издание на „Ајде фестивалот“ во општина Аеродром