Научниците откриваат: Од судир на галаксиите до гравитациони бранови поминуваат 10 милиони години

Од:

Откако ќе се судрат две галаксии потребно е да поминат 10 милиони години пред спојувањето на нивните централни црни дупки да предизвика појава на гравитациони бранови, откриваат научниците, додавајќи дека овој период е многу побрз од што очекувале.

Ако се судрат две галаксии, спојувањето на нивните централни црни дупки ќе предизвикаат гравитациони бранови. Меѓународен тим од научници пресметале дека до оваа појава доаѓа по 10 милиони години откако ќе се спојат две галаксии, што е многу побрзо од што се претпоставувало претходно.

Во својата теорија за релативност, Алберт Ајнштајн ги предвидел гравитационите бранови пред повеќе од еден век, а оваа година се детектирани за прв пат. Американската опсерваторија за гравитациони бранови LIGO снимила такви кривини во вселената, кои настанале со спојување на две големи црни дупки, пишува Phys.

Истражувањето на гравитационите бранови, а со самото тоа и потеклото на универзумот се продолжува: до 2034 година три сателити ќе бидат лансирани во вселената во рамки на проектот на Европската вселенска агенција за мерење на гравитационите бранови на пониски фреквенции користејќи ласерско-интерферометарска вселенска антена.

До сега не било можно да се предвиди точката во која гравитационите бранови се активираат и шират во просторот кога се спојуваат галаксиите. Меѓународниот тим на астрофизичари од Универзитетот во Цирих, Институтот за вселенска технологија во Исламабад, Универзитетот Хајделберг и кинеската Академија за науки, сега за прв пат ја пресметале користејќи обемна симулација.

Секоја галаксија има супермасивна црна дупка во своето јадро, која може да содржи милиони, а дури и милијарда соларни маси. Во реалната симулација на универзумот, симулирано е спојување на две галаксии стари 3 милијарди години кои се наоѓаат една до друга.
Со помош на суперкомпјутер, истражувачите го пресметале времето кое е потребно двете централни црни дупки со околу 100 милиони соларни маси да емитуваат силни гравитациони бранови откако галаксиите ќе се судрат.
„Резултатите беа изненадувачки” – вели Лусио Мајер од Институтот за компјутерски науки на Универзитетот во Цирих, пишува Science Daily.
„Спојувањето на двете црни дупки веќе покренало први гравитациони бранови по 10 милиони години, што е околу 100 пати побрзо од што се претпоставувало порано” – вели Мајер.

Компјутерската симулација, која траела повеќе од една година, спроведена е во Кина, Цирих и Хејделберг. Проектот барал иновативен компјутерски пристап со многу нумерички кодови на различни суперкомпјутери. Во текот на процесот, секој суперкомпјутер бил одговорен за пресметувањето на одредена фаза на конвергенција на две масивни црни дупки и нивните галаксии.

Во споредба со претходните модели, односот меѓу орбитите на централните црни дупки и реалните структури на матичните галаксии е важен фактор во оваа симулација.
„Нашите пресметки можат да овозможат силна прогноза на стапката на спојување на супермасивни црни дупки во рана фаза на универзумот” – вели Мајер.

Би можело да ве интересира

Руските космонаути со нов рекорд во вселената

Предраг Петровиќ

Важно откритие на научниците: Пронајден доказ за постоење на вода на Марс, сместена длабоко во кората

Блумберг: Америка тврди дека Русија ќе испрати нуклеарно оружје во вселената оваа година

Не сме сами: се појавуваат докази за живот во вселената

Предраг Петровиќ

Астронаутите инсталираа нови соларни панели на ISS

Ана Ололовска

Најголемата вселенска експлозија: Научниците никогаш не биле сведоци на нешто од вакви размери

Предраг Петровиќ