„Срамни се политичките игри на грбот на студентите кои деновиве се спроведуваат во дел од градовите преку т.н. „герила акции“ и лепење плакати по образовни установи, на кои на фалсификат меморандуми од Министерството за образование и наука, што претставува кривично дело согласно член 379, став 1 точка 5 од Кривичниот законик, лажно се наведува дека распределбата на легла во студентските домови се спроведува по партиска линија.
Апелираме до сите инволвирани во обидите за политичка злоупотреба на студентите да се воздржат од истото и нагласуваме дека распределбата на леглата се спроведува согласно Законот за студентски стандард, максимално транспарентно и правично, со што, предност во доделувањето на легла и стипендии им се дава на студентите кои потекнуваат од социјално загрозени семејства, односно на студентите кои навистина имаат потреба од поддршка од државата“, се вели во демантот на Министерство за образование и наука.