Во Кавадарци денеска се одржува десеттиот по ред Стоматолошки симпозиум со меѓународен карактер, во организација на Здружението на приватни здравствени стоматолошки установи.
Претседателот на Организацискио одбор Весна Чемерска-Попова изрази задоволство што симпозиумот е масовно посетен од околу 300 учесници, доктори по стоматологија. Предавачи се професори доктори од стоматолошки факултети од земјава и странство.
– Се надеваме дека овој симпозиум ќе придонесе докторите по стоматологија да се стекнат со нови знаења кои ќе ги применат во своите ординации, се со цел пациентите да добиваат подобра услуга, рече таа во изјава за медиумите.
Притоа нагласи дека на симпозиумот се говори за современата стоматологија, односно користењето на компјутеризирана томографија, новите начини за рентген снимање и примена на ласерите во стоматологијата.