ФРОДЕМ: Дали во Општина Центар демолираа „верници“ или партиски насилници?

Од:

„И по поминати три дена од поднесеното обвинение на СЈО за случувањата во Општина Центар при протестот за изградба на црква и писмената реакцијата на ДПМНЕ, МПЦ и понатаму молчи. Имено, во последното соопштение на ДПМНЕ се вели дека: ,,претставници на Македонската православна црква и здружението на граѓани Веритас се спротиставиле на намерите да се стопира изградбата на црквата Свети Константин и Елена во центарот на град Скопје”.

Со ова соопштение на ДПМНЕ, МПЦ и нејзини претставници се означени како соучесници и соорганизатори на насилните протести.

Жално и недозволиво е молчењето на МПЦ поради бесрамниот обид на злоупотреба на верските чувства на граѓаните за одбрана на обвинетите криминални и насилни партиски личности и функциоери. Доколку МПЦ е црква на сите верници и доколку се залага за вистина, ФРОДЕМ бара таа јавно да одговори на две прашања:

  • Дали протестите во Општина Центар беа организирани на „верска основа“ или по партиска наредба и
  • Дали во Општина Центар демолираа „верници“ или партиски насилници?

Со понатамошното затскривање и молчење МПЦ ќе ги потврди наводите и констатациите во соопштенето на ДПМНЕ од 15 септември 2016 година и ќе се стави во улога на  соучесник во срамната пародија на одбрана на обвинетите криминални и насилни партиски личности и функционери“, соопштуваат од ФРОДЕМ.

Би можело да ве интересира

Аларм за наезда од глодари во Центар: Живи и мртви, стаорци и глувци на паркинг кај основно училиште

Горан „бетоњерка“ Герасимовски го турка планот за „Барутана“ на Водно: Чии интереси штити?

(ВИДЕО) Расправија на жители со работници во Центар: Уште во 5 часот изутрина вршат градежни работи

Горан Наумовски

Спасувачка акција на Пелистер: извлечен повреден со скршеници на нозете

Герасимовски, ако сакаш граѓаните да одлучат – распиши референдум за Барутана

Предраг Петровиќ

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он