Според најновите истражување кинеската компанија Lenovo има добри шанси да го порази Samsung на домашен терен и да го превземе водството со најголемо учество на пазарот на смартфони.
Во последниот квартал и натаму води Samsung со 16.7 проценти учество, додека пак Lenovo има учество од 14.8 проценти. Најголема предност на кинеската компанија е нивната понуда на ефтини смартфони, а токму во тој сегмент големите компании немаат голем интерес за натпревар.
Сепак и покрај превземањето на врвот според продадените смартфони, Samsung ќе оствaри многу поголем профит бидејќи нивните уреди се продаваат по многу повисока цена.