Конгрес на САД: Снуоден не е „свиркач“, туку незадоволен работник

Од:

Комитетот за разузнавачки прашања на американскиот Конгрес во извештајот за поранешниот службеник на Агенцијата за национална безбедност (НСА) Едвард Сноуден заклучи дека тој не е „свиркач“ и дека поголемиот број од документите кои ги украл биле воени или одбранбени тајни, како и дека тие немаат никаква врска со приватноста на Американците.

Комитетот на Претставничкиот дом на Конгресот објави резиме од нивната двегодишна истрага за случајот на Сноуден.

Во двегодишниот период, Комитетот истражувал како Сноуден, поранешниот соработник на НСА, успеал да повлече над 1,5 милиони класифицирани документи од заштитената мрежа на НСА, што содржеле документите и каква штета нанела кражбата врз националната безбедност на САД.

Во овој извештај на три страници, комитетот заклучи дека, спротивно на тоа што Сноуден себеси се прикажува како „свиркач“, било устврдено дека тој е „незадоволен службеник кој имал чести конфликти со неговите надлежни“.

Извештајот е објавен во моментот кога Сноуден, кој живее во Русија, бара помилување од американскиот претседател, бидејќи, како што наведува, и помогнал на неговата земја со обелоденувањето на тајни програми за домашниот надзор и следење.

Сите членови на Комитетот за разузнавање се подпишаа под писмото до претседателот Барак Обама, во кое го повикуваат да не го помилува Сноуден.

– Сноуден не е „свиркач“, туке е предавник на неговата земја и предавник на неговите колеги, изјави претседателот на Комитетот Девин Нунис.

– Тој ги изложи на опасност нашите воени службеници и луѓето во Америка. Очекувам во краен случај тој да се врати во САД, каде треба да застане пред правдата, поради неговите престапи, додаде Нунис.

Сноуден им даде документи на новинари, со кои се откриваат програмите за масовно внатрешно следење, кое започнало по терористичките напади на 11 септември 2001 година.

Програмите собирале метаподатоци од телефонски повици на милиони Американци и податоци од електронска коренсподенција со странство.

Откривањето на Сноуден за собраните од НСА податоци за милиони телефонски разговори поттикна жестоки дебати меѓу претставниците на граѓанското општество, кои изразија неспокојство за нарушување на приватноста и нагласија дека губат алатки за борба со тероризмот.

Сноуден по крадењето на документите даде отказ во НСА и избега во Хонгконг, а потоа во Русија.

Би можело да ве интересира

Сноуден: Не можете да го спасите Навални, но сепак можете да го спасите Асанж

Предраг Петровиќ

Сноуден доби руско државјанство

А1он

Путин му даде руско државјанство на свиркачот Сноуден

А1он

Сноуден ја поздрави одлуката за неиспорачување на Асанж во САД

Жарко Настоски

Сноуден објави фотографија од својот син

Ана Ололовска

Сноуден наскоро ќе аплицира за руско државјанство

Ана Ололовска